ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Андалузија - 22.10 - 29.10.2026
Андалузија - 22.10 - 29.10.2026

Андалусия – 11 забележителности и магията на фламенкото - Saveti.bg

ден  22.10. 2026  СКОПЈЕ – СОФИЈА –  МАЛАГА / СЕВИЉА

Состанок на групата на   предходниот  ден  во 20,00   на договорено  место Трансфер до аеродромот во Софија  Лет од Софија за Малага   во 05,45  . Пристигнување во Малага  во 08,40  Панорамски разглед на Малага- град   полн со историја но  и елементи на  пулсирчки  модерен живот , Родното место на Пабло Пикасо во кој е познатиот музеј  посветен  токму нему Разглед на маварската тврдина Gibralfaro и палатата  Alkasaba,за која велат дека е рамна на  тврдината Алхамбра  во Гранада   Plasa de la Mersed, Plasa de Toros, La Malageta,стариот дел од градот ,, Plasa de la Konstitusion.Трансфер  до хотел . Сместување во хотел во Севиља  Ноќевање.

 

2 ден 23.10.2026  СЕВИЉА

Појадок  Панорамски турнеја на еден од најубавите градови во  Андалузија: -Градот на Кармен Дон  Ж уан , Фигаро , Овој шарен и прекрасен град е поделен на две половини со реката Гвадалкивир Уживајте во прекрасните погледи на Севиља со брод (факултативо ). Градот на фламенгото Паркот Марија Луиза – градска зеленета површина прошарана со мали  улички , фонтани ,  и езерца .Плоштадот Plaza de Espana-место то кое ќе ве остави без здив . Граден во форма на полукруг  со аркадни куполи ,на који се наоѓаат десетина клупи украсени со  azulejo плочки и секоја од нив ги престаува десетте шпаснки провинции  со име и мапа на истата.  Санта  Круз стариот еврески  кварт – бели улички , цветни  дворови, мали плоштадчиња  со палми и Кралската палата  Alcazares  Враќење во хотел Вечерта посета  на фламенко (факултативно)). Севиља е родното место на фламенгото, музиката и танцот што изразува: радост и љубов, страдање и болка, среќа и надеж…Ноќевање.

 

3ден  24.10.2026   СЕВИЉА –КАДИЗ –ФУЕНГИРОЛА

Појадок По појадокот напуштање на хотелот  и заминување за Кадиз -град и пристаниште во југозападна Шпанија. кој излегува  на Аталанскиот океан и Средоземното море Тој е типично андалузиски град со добро сочувани историски знаменитости а воедно и  главен град на провинцијата Кадиз, една од осумте што ја сочинуваат автономната заедница Андалузија. Разглед на најстариот град во Шпанија: катедралата Нуева, плоштадот на катедралата, Кале Филип Емануел, Торе Тавира, Форт Сан Себастијан, театарот Фаља…. Прошетка низ живописните тесни улички што ги поврзуваат големите плоштади, поновите области на Кадиз обично имаат широки авении и помодерни згради. Покрај тоа, градот е преполн со бројни паркови каде што цветаат егзотични растенија, вклучувајќи џиновски дрвја што наводно ги донел во Шпанија Колумбо од Новиот свет. Доцна попладне пристигнување во Фуенгирола  . Хотелско сместување. Ноќевање.

 

4 ден 25.10.2026  ФУЕНГИРОЛА  

Појадок . Слободен ден  за индивидуални активности, прошетки  , плажа или тура до Малага Ноќевање.

 

5 ден 26.10.2026  ФУЕНГИРОЛА– МАРБЕЉА – РОНДА –СЕТЕНИЛ  -ФУЕНГИРОЛА   ( факултативно)

Појадок Краток одмор По одморот заминување на целодневна посета на  Марбеља едно о д најпознатите  одморалиште  кое се наоѓа во централниот дел на регионот “, Коста дел Сол” (Сончев Брег).  Ектремно брзо се развива во втората половина на минатиот век привлекувајќи го светскиот  џет-сет, Градењето на прекрасните куќи од страна на аристократите и познатите фи лмски звезди ,големата Марина “Puerto Banus ” и претварањето на земјштето во внатрешноста во терени за голф  – Марбеља го добива  печатот  на ексклузивно летовалиште  Заминување за Ронда  една од најстарите населби во Шпанија. Сместена на стрмна карпа од  750 метри надморска височина нуди   незаборавен поглед   Ронда е лулка на борбите со бикови,  каде што  легендарното семејство Матадор Ромеро ги поставува правилата за борба со бикови.Разгледот продолжува према СЕТЕНИЛ  или познато како Setenil De Las Bodegas  автентично „бело село“ во Андалузија. Сместено е длабоко во кањон и е опкружено со маслинови полиња. Сепак, она што го прави ова село посебно се огромните карпи што се извишуваат над белите куќи.   Патем, се верува дека името „Сетенил де лас Бодегас“ потекнува од латинскиот „septem nihil“, што значи „седум пати не“, а седум се однесува на бројот кога католичките владетели се обиделе да го преземат селото од Маврите.Враќање во хотел  Ноќевање.

 

ден  27.10.2026   ФУЕНГИРОЛА  – КОРДОБА – ФУЕНГИРОЛА ( факултативно)

Појадок - КОРДОБА ( целодневен  факултативен  излет )

Патот води  низ   центарот на провинцијата Малага. Пристигнување во Кордоба, еден од најубавите музејски градови во светот. Градот бил основан од Картагинците,главна римска населба, главен град на мавританскиот шпански калифат, како и седиште на озлогласената инквизиција. Од времето на Римската империја постоел мост со сводови, над реката Гвадалкивир, кој водел до  монументална порта, која и денес е еден вид украс на градот.Во римско време, целиот град бил опкружен со бедеми, кули и порти. Подоцна Арапите изградиле ѕидини на римските урнатини и во тие рамки се создал најубавиот дел – стариот дел на градот. Заштитен знак на Кордоба е секако џамијата    Mezquita , попозната како „Џамија  на  1000 столбови“, единствеn објект во светот, во која времето и просторот ја обединуваат арапската и еврејската   култура Изградбата на џамијата започнала на крајот од  VIII. век од династијата Омајади, која тогаш владеела со речиси цела Шпанија. Кон  крајот на 12 век,била претворена  во катедрала  од христијаните. Денес, преставува музејот е на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Прошетка низ стариот еврејски кварт и  тесните улички и куќи со карактеристичен внатрешен двор  наречен (patio) Враќање во хотел Ноќевање.

 

7 ден 28.10.2026   ФГУЕНГИРОЛА  – ГРАНАДА – ФУЕНГИРОЛА ( факултативно)

Појадок , По појадокот  организиран целодневен факулттаивен  излет до ГРАНАДА  еден од најважните градови на Андалузија, кој се наоѓа во подножјето на планинскиот венец на Сиера Невада чиј највисок врв е над 3.000 метри надморска височина. Гранада и  стариот дел на градот  наречен  Albaisin се под заштита  на УНЕСКО како  светско културно наследство. Ова е најпосетуваниот  град во Шпанија  благодарение на прекрасната  тврдина Алхамбра и мноштвото  културни и историски споменици создадени под влијание на различните цивилизации и култури. Покрај уникатни  споменици од Мавританска архитектура Гранада е за Шпанците   од големо значение , затоа  што тое  е местото каде што Христијаните ги победуваат и протеруваат   Маврите од Пиринејскиот Полуостров,и  местото  каде што се погребани кралот Фернардо и кралицата Изабела – ослободителите на Шпанија Посета на Тврдината  Alhambra (на арапски значи црвена тврдина) изградена во IX век како благородна палата на  Мавритански калифи.  Прошетка низ Кралската сала, кралскиот  двор . Прошетка по парковите  Heneralife, фонтаната на мудроста. Слободно време за индивидуални активности се до попладневните часови Враќање во хотел   Ноќевање

низ стариот еврејски кварт и  тесните улички и куќи со карактеристичен внатрешен двор  наречен (patio) Враќање во хотел Ноќевање

 

8 ден  29.10.2026  ФУЕНГИРОЛА -МАЛАГА-СОФИЈА –СКОПЈЕ

Појадок ,  Напуштање на хотелот   во 08,00  Трансфер до аеродромот во Малага  Полетување во 11.00 часот   Пристигнување во Софија 15.40  часот Трансфер до Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   989€/61.320,00  до 31  Maj  2026

Редовна цена   1069€/66.280,00

 

Во  цената е вклучено

  • Трансфер Скопје –Софија аеродром –Скопје – минибус
  • Авиокарта на релација Софија –Малага –Софија
  • Аеродромски такси ,рачен багаж до 7кг 40х20х23 и 10 кг  чекиран багаж 55х40х23
  • Трансфер аеродром – хотел -аеродром
  • Сместување во хотел 3* во Севиља на база 2 ноќевања со појадок
  • Сместување во хотел 3* во Фуенгирола   на база 5 ноќевања со појадок
  • Целодневен разглед   на   Севиља
  • Разглед на Малага
  • Разглед на  Кадиз
  • Организација и водство на патувањето

 

Во ценета не е вклучено

  • Факултативен излет      Гранада  95€ со вклучен превоз , влезница за АЛХАМБРА   и локален водич  Минимум 15 патника
  • Факултативен излет   Кордоба 85€ со вклучен  превоз, влезница  за МЕZQUITA   и водич Минимум 15 патника
  • Факулативен излет Марбеља , Ронда и СЕТЕНИЛ   90 €  со водич Минимум 15 патника
  • Влезница за АЛКАЗАР  Севиља  25€
  • Патничко осигурување 360 ден
  • Се она што не е споменато во програмата

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници (факултативните излети се од отворен тип и цената на истите може да варира во зависнот од пријавениот број на патници)

Најава  за факултативни излети  задолжитено  со резервација

Уплата на аранжман минимум 50% при резервација

Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 150 €

Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани

Комплетна уплата најдоцна до 20.09.2026

За овој аранжман важат Општите услови за патување на ФЛАЈ ТУРИЗАМ  Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата  (активностите по денови , датуми  ) хотел и цена. Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари