ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Tрикала

Trikala Korinthias: What to do and to see in mountainous Corinthia

 ТРИКАЛА – РАБОТИЛНИЦАТА НА ДЕДО МРАЗ
Волшебно гратче во Грција кое ќе сакате да го посетите за празниците
01.12.2024

 

01.12.2024 (недела)  Скопје/ Штип – Метеори-Трикала- Штип/Скопје

Поаѓање од Скопје во 03.00 часот пред хотел Континентал, поаѓање од Штип во 04.30 ч. пред Нова Пошта, поаѓање од Струмица 05.30 ч. Бензинската Макпетрол кај кружен. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Каламбака. Посета на манастирската населба Метеори која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири. Некогаш биле 24, но денес се активни само шест. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и еден од најубавите манастири – Варлаам. (Посета на Метеори доколку дозволуваат временските услови). По посетата се продолжува кон Трикала. Посета на најголемиот тематски Божиќен Парк кој никој не остава рамнодушен. Барем на еден ден дозволете си да бидете во светот на фантазијата и почувствувајте го новогодишниот амбиент во Божиќното село во градчето Трикала. Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, Дедо Мраз, лизгање на мраз, возење со воз…..  Вашите најмили ќе  можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу забава и среќа… Поаѓање за Македонија во 18.00 часот. Патување со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Поаѓање од Скопје: 2.500,00 денари
Поаѓање од Штип, Радовиш и Струмица: 1.900,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено  :

  • превоз со  туристички автобус
  • организирана посета на Метеори ( доколку дозволуваат временските услови)
  • организирана посета на Трикала и Божиќниот парк
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник

 Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување
  • влезници за културно-историските споменици

Општи напомени :

  • ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
Важат општите услови за патување на СКТМ