ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Барселона - 14.11. - 17.11.2026
Барселона - 14.11. - 17.11.2026
Barcelona Tourism | Travel Guides
1 ден: (14.11.2026 – сабота) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата во 10:35 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 12:35 ч. Пристигнување во Барселона во 15:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Во попладневните часови препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Ноќевање.
 
2 ден: (15.11.2026 – недела) - БАРСЕЛОНА (ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД, ПАРК ГУЕЛ )
Појадок во хотел. Пешачки разглед - Готскиот кварт (Barri Gòtic), историското срце на Барселона, со лавиринт од тесни средновековни улици, римски урнатини и шармантни плоштади. Сместено во областа Ciutat Vella помеѓу La Rambla и Via Laietana, во него се сместени главните знаменитости како катедралата во Барселона, Plaça Reial и Еврејскиот кварт (El Call)...Со метро се упатуваме кон катедралата Саграда Фамилија.Слободно време за фотографирање, кафе пауза, ручек ... Во попладневните часови е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
 
3 ден: (16.11.2026 – понеделник) - БАРСЕЛОНА (3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА,ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
 
4 ден: (17.11.2026 – вторник) - БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 16:00.Пристигнување во 18:45 часот.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 459 

ЗА ПРВИТЕ 8 ЛИЦA
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499
 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
  • Рачен багаж до 8 кг.
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Best Auto Hogar 3*(централно подрачје) ,
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
  • Туристичка такса се плаќа во агенција – 5 € по лице на ден,
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 120 €

 

ФАКУЛТАТИВИ :

  • Организиран разглед на Барселона со локален водич  – 35 €
  • Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници – 80 €,
  • Посета на парк Гуел  – 28 €  (влезница, индивидуално)
  • Фламинко шоу со пијалок - 55 €,

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДВЕ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ !!

 

ВАЖНА НАПОМЕНА:

ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ФАКУЛТАТИВИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ !!

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.