ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски патувања - Рим - 05.12. - 08.12.2026
Рим - 05.12. - 08.12.2026
Informative Map of Rome - Tourist Italy
(05.12.2026 - сабота) | Скопје - Рим
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:35 часот. Полетување за Рим во 16:35 часот. Пристигнување во Рим во 18:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање.
 
(06.12.2026 - недела) | Рим (Разглед и Ватикан)
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
(07.12.2026 - понеделник) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)
Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
(08.12.2026 - вторник) | Рим - Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (слободни прошетки, кафе, шопинг ...) Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 19:05 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 20:45 часот.
 

ЦЕНИ:

Промотивна цена по лице: 399 € (за првите 10 пријавени)

Редовна цена: 469 €

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Директен лет Скопје - Рим - Скопје (Wizz Air)
  • Аеродромски такси
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром
  • Мала кабинска торба (40 x 30 x 20 cm)
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* или 4* (централно подрачје)
  • 3 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер)
  • Доплата за еднокреветна соба 120 €
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден ( се плаќа во агенција ) 
  • Билети за јавен превоз (метро)
  • Патничко осигурување

 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВИ:

  • Панорамски разглед на Рим со локален водич – 20 €
  • Посета на Ватикан и Систинската капела – 70 € (со водич и влезница)
  • Посета на Тиволи и Villa D’Este – 70 € (со водич и влезница)

Факултативите мора да се пријават и уплатат при уплата на аранжманот. Потребен минимум од 16 лица.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.
  • Целосна уплата најдоцна 15 дена пред патување.
  • Цените се во евра за уплата во денарска противвредност (1 € = 62 денари).
  • Минимум 25 патници за реализација.
  • Пасош со важност најмалку 90 дена по завршувањето на патувањето.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената при промена на трошоци.
  • Во случај на недоволен број пријавени, агенцијата може да го откаже аранжманот 5 дена пред поаѓање.
  • Можни се промени во редоследот на програмата поради објективни причини.
  • За време на разгледите не се предвидени внатрешни посети на институции освен ако не е наведено.