ДЕКЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2027 - ГРЦИЈА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Нови Сад - 30.12. - 03.01.2027
Нови Сад - 30.12. - 03.01.2027

New Year's Eve celebration - Novi Sad Tourism Organisation

30 декември (среда) — СКОПЈЕ – НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Holiday Inn“ во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

31 декември (четврток) — НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: „Српско народно позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот „Слобода“ на кој се наоѓа катедралната црква „Имена Маријиног“ – една од првите изградени во неоготски стил, помеѓу 1893 и 1895 година, улицата „Змај Јовина“ покрај која се наоѓаат мноштво познати бутици и ресторани, како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – „Владичански двор“, изграден од првиот епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Георгиј, музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечерта, дочек на Новата 2027 година на плоштадот „Слобода“. Ноќевање.

 

01 јануари (петок) — ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок. Можност за факултативна полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како „Српската Света Гора“, и до живописното гратче Сремски Карловци, препознатливо по исклучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности или шопинг. Ноќевање.

 

02 јануари (сабота) — СУБОТИЦА – ПАЛИЌ – ВИНАРИЈА НА ЗВОНКО БОГДАН
Појадок. Можност за целодневна факултативна прошетка до Суботица и езерото Палиќ. Разглед на градот: Корзото – познатото шеталиште, плоштадот Слобода, Градската куќа која претставува препознатлив симбол на овој град, споменикот на цар Јован Ненад, Народниот театар, Градската библиотека, суботичката катедрала Св. Тереза, Синагогата која претставува ремек-дело, познатата Плава фонтана, бисер на градот. По разгледот, слободно време. Посета на езерото Палиќ, кое се наоѓа во близина на градот: езерото, раскошните паркови, необичните градби од почетокот на 20 век. Патувањето продолжува со посета на винаријата на Звонко Богдан, која е именувана по славниот суботички пејач на староградски песни и се наоѓа во традиционален вински регион на источниот брег на езерото. Разглед на винаријата и дегустација на три вида вино. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Ноќевање.

 

03 јануари (недела) — НОВИ САД – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Салаш, кој ќе ве воодушеви со својот автентичен изглед. Организиран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Заминување кон Скопје во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 199eur

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Организиран ручек во Салаш
  • Факултативна посета на Фрушка Гора и Сремски Карловци (20 €), уплата во агенција
  • Факултативна посета на Суботица, езерото Палиќ и винаријата Звонко Богдан (30 €), уплата во агенција
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Патничко здравствено осигурување
  • Други неспоменати посети и услуги
  • Туристичка такса 1,5 € по лице на ден, се наплатува во агенција

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Цената е дадена по лице за пакет-аранжман во двокреветна соба.
  • Можни се промени во редоследот на програмата во зависност од работното време на објектите за посета.
  • Услови за плаќање: при резервација 30 % аванс, остатокот најдоцна 21 ден пред патувањето.
  • Откажување од страна на патникот (во писмена форма): до 30 дена пред патувањето 30 %, од 29 до 15 дена 50 %, од 14 до 5 дена 80 %, од 5 до 0 дена или во текот на патувањето 100 % од цената на аранжманот.