ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Будва - 30.12. - 02.01.2026
Будва - 30.12. - 02.01.2026

НОВА ГОДИНА 2027 БУДВА И ДУБРОВНИК (30/12/2026 - 02/01/2027) 109 ЕУР -  Туристичка Агенција Ариес

1 ден: 30.12.2026 год.

Будва Нова година 2027: Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ „Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.
Поаѓања вклучени во цената од Битола 19.00 часот; Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч.

 

2 ден: 31.12.2026 год.

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување.

Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Улиците и плоштадите на Стариот град Будва се сеќаваат на човечките стапки од пред повеќе од 2000 години. Многу култури се вкрстиле на овој мал карпест полуостров и секоја од нив оставила свој запис како свој белег, опкружен со ѕидини од венецијанската ера. Оваа област е идеална за прошетка низ тесните, камени улички кои зрачат со шарм на некои минати времиња, а што се однесува до знаменитостите, не заборавајте да ја посетите Цитаделата – најважната градба на Стариот град која датира од средниот век. Внатре во Цитаделата можете да посетите мал музеј со експонати поврзани со историјата на градот и да уживате во спектакуларен поглед на Будва и Јадранското Море од врвот на тврдината. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера.

Вечерта дочек на Новата 2027 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и новогодишен концерт на Жељко Јоксимовиќ. Ноќевање.

 

3 ден: 1.1.2027 год.

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Требиње преку Тиват со траект. “Градот на сонцето и платаните”, сместен под планината Леотар во долината на реката Требишњица, која тече низ самиот град. Посета на туристичкиот комплекс Херцеговачка Грачаница, од каде што можете да уживате во незаборавен поглед на целиот град. Црквата посветена спрема Пресвета Богородица е реплика на црквата Грачаница во Косово и е едно од најубавите места за фотографирање. Место поврзано со желбата на познатиот поет Јован Дучиќ да почива во неговиот роден крај. А Требиње, бајковитиот град бил културен и духовен центар на Источна Херцеговина низ историјата. Стариот историски центар ни раскажува за богатото и бурно минато од времето на Илирите, Римјаните, Словените, Турците и Австроунгарците каде сите овие народи оставиле свој белег во архитектурата, обичаите и начинот на живот кој ги воодушевува посетителите. Покрај реката Требишњица и нејзините мостови ( мостот Арсланагиќ, мостот Иво Андриќ и Камениот мост ) каде можете да направите сопствена разгледница, музејот на Херцеговина, прошетка правиме и низ тесните улички на стариот град со посета на Саат кулата, градските ѕидини, плоштадите, градската порта (тунел) што го поврзува Стариот град со остатокот од градот. Плоштадот на поетите каде што можеме да се фотографираме со дрвја-јавори постари од 120 години, кои претставуваат симбол на градот, и да се освежиме на една од камените фонтани. На плоштадот има можност да се видат и подароците на поетот Јован Дучиќ за неговиот град (Јелена Анжујска, бистата на Његош и лавовите на влезот во паркот).

Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта можност за факултативна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин. Ноќевање.

 

4 ден: 2.1.2027 год.

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Промо цена: 109eur / 6.750 мкд

Редовна цена на аранжманот: 145eur / 8.950мкд

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес и Куманово)
  • Сместување во хотел со 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Организација и пратител на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативен излет до Требиње -20 евра (минимум 30 лица пријавени за реализација);
  • Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро -20 евра (минимум 30 лица пријавени за реализација);
  • Факултативна вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -15 евра (минимум 30 лица пријавени за реализација);
  • Пакет цена за излети до Требиње, Котор, Тиват-Порто Монтенегро и вечерна посета на Бар со концерт на Дино Мерлин -50 евра (минимум 30 лица пријавени за реализација)
  • Туристичка такса за сместување во Будва -3 евра (се плаќа во агенцијата)
  • Влезници за посети
  • Патничко осигурување

 

Напомени:

  • За реализација на аранжманот Будва Нова година 2027 потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта;
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.