30.12.2023 (Сабота)
Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Попладне (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер со ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера , пијалок и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
31.12.2023 (Недела)
Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, која зрачи со луксуз и приказни. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Продолжуваме (факултативно) кон Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел. ПРЕДЛОГ - ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање.
01.01.2024 (Понеделник)
Појадок. Во 09.00 часот (факултативно) посета на Вселенската Патријаршија. Прошетка и посета на Балат, една од најстарите и најспектакуларните област во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата. Продолжуваме (факултативно) кон Пјер Лоти, од каде што може да уживате во најубавиот поглед на градот. Слободно време за ручек. Денот го продолжуваме со крстарење по Босфорот (факултативно) со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Долма Бахче, Јилдиз Палатата, Белербеј која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Ноќевање.
02.01.2024 (Вторник)
Појадок. Одјавување од хотел. Во 08.30 часот (факултативен) разглед на градот со стручен водич: прошетка по Султан Ахмед плоштадот и Византискиот Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век е подигнато од византискиот цар Јустинијан. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродром околу 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот. Крај на програмата.
Цената вклучува
Цената не вклучува
Напомени