Термин 03 Септември
1 ДЕН 03.09.2025 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 04.09.2025 КАН
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
03 ДЕН 05.09.2025 КАН – СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Можност за капење во Ст. Тропе... Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 ДЕН 06.09.2025 АНТИБ –НИЦА :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)...и потоа посета на кралицата на Азурниот брег - Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 8 еур)... продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот.Можност за капење на плажата во Ница. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање.
05 ДЕН 07.09.2025 КАН – ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 08.09.2025 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА за резервации до 30.06.2025: 269€ / 16.680 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 € / 18.540 ден
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег (Ст. Тропе + Ница и Антиб + Монте Карло) - 130€
НАПОМЕНИ: