Прв ден: 05.03.2026 (четврток)-Скопје-Истанбул-Маракеш
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07.00 часот. Полетување кон Истанбул во 09.15 часот, слетување во 12:50 часот по локално време. Летот за Маракеш е во 19.20 часот, пристигнување во 22.50 по локално време. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до хотелот „Grand Plaza Marrakech“ 4*, лоциран во центарот на градот. Ноќевање.
Втор ден: 06.03.2026(петок)- Маракеш
Појадок. Сместен во подножјето на снежните планини Атлас и граничејќи се со прочуената Сахара, живиот град Маракеш, кој е под заштита на УНЕСКО е волшебна туристичка дестинација. Маракеш е дом на најголемиот берберски пазар во Мароко и еден од најпрометните плоштади во светот, Djemaa el Fna. Организираниот разглед на најзначајните места во Маракеш го започнуваме со џамијата Koutoubia, ремек-дело на архитектурата на берберското племе Алмохад и најпознатото обележје на градот. Продолжуваме кон палатата Bahia, архитектонско чудо од 19-тиот век со безброј мозаици и бујни градини, кое во најубаво светло ги покажува занаетчиските достигнувања на Мароко. Следуваат Саадските гробници, почивалиште на династијата Саад, изградени со украсен мермер и нежни резби кои биле сокриени со векови сѐ до нивното откривање во 1917 година. За крај уживаме во спокојот на градините Majorelle, кои претставуваат оаза од егзотични растенија, живи кобалтно-сини структури и спокојни базени. Градините ги подигнал францускиот архитект Paul Sinoir, а подоцна со многу љубов ги реставрирал познатиот дизајнер Yves Saint Laurent. Се враќаме во хотелот, а до крајот на денот имаме слободно време за истражување на тесните улички испреплетени како лавиринт, исполнети со занаетчии кои коваат месинг, бојат ткаенини и ткаат теписи. Нашето патување е за време на рамазанските пости, па градот целосно се буди после зајдисонце, а плоштадот се претвора во огромен ресторан на отворено, збогатен со многу продавнички со извонредни теписи, зачини и разновидни сувенири. Ноќевање.
Трет ден: 07.03.2026 (сабота)- Маракеш-Пустина Агафај
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Попладнето е резервирано за незаборавна екскурзија до пустината Агафај, прекрасен карпест пејзаж сместен во непосредна близина на Маракеш. За разлика од песочните дини на Сахара, Агафај нуди драматична панорама на ридови од камен поставени наспроти величествените планини Атлас. По пристигнувањето, ќе имаме несекојдневна прилика да јаваме камили низ суровиот терен и од таа перспектива да го доживееме спокојството на пустината. Потоа ќе застанеме да уживаме во освежувачки чај од нане во традиционален берберски шатор, каде што тишината на пустината и топлото гостопримство на нашите домаќини создаваат вистински автентичен марокански амбиент. Додека попладневната светлина смекнува над златните ридови, се враќаме во Маракеш со срца збогатени со тивката магија на Агафај. Слободно време за вечера и ноќевање.
Четврти ден: 08.03.2026 (недела)- Маракеш-Рабат
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Рабат, шармантниот главен град на Мароко, лоциран на устието на реката Бурегрег. Рабат, со својата фасинантна исламска и француска колонијална архитектура изобилува со прекрасни карпести и песочни плажи, разновидна еколошка природа и жив центар со бујни, зелени паркови. По пристигнувањето, одиме на истражување на градот заштитен од УНЕСКО. Најпрво ја посетуваме Chellah, древната некропола кадеОсе испреплетуваат римски и исламски урнатини, а штрковите грациозно се гнездат меѓу вековни лакови. Продожуваме кон Oudayas Kasbah, утврдена тврдина со поглед на Атлантскиот Океан, позната по своите сино-бели улички, дворови исполнети со цвеќиња и спокојни андалузиски градини кои нудат мирно бегство од градскиот ритам. На крај ја посетуваме кулата Hassan, минаре од 12-ти век, кое гордо стои покрај Мавзолејот на Мохамед V, последно почивалиште на модерните кралеви на Мароко – симбол на единственост, почит и континуитет. Се сместуваме во хотелот „Onomo Hotel Rabat Terminus“ 4*. Вечерта организирана вечера во традиционален марокански ресторан, по повод 8.Март, меѓународниот ден на жената. Ноќевање.
Петти ден: 09.03.2026 (понеделник)- Рабат-Фес
Појадок, а потоа одјавување и заминување кон Фес, вториот град по големина во Мароко и поранешна престолнина. Фес е егзотична мешавина од арапска архитектура, антички улички и шарени пазари, сето тоа измешано со доза на модерна култура. Дом на џамијата Karaouine која датира од 859 година, Фес се смета за духовно седиште на Мароко. По пат застануваме во Volubillis, некогаш просперитетен римски град. Имаме време да прошетаме меѓу извонредно зачуваните мозаици, триумфални порти и базилики, сите сместени меѓу зелени ридови и маслинови градини. Градот прикажува живописна слика за животот пред речиси две илјади години, а панорамскиот поглед на околната природа само го зголемува неговиот шарм. Пристигнуваме во Фес и се сместуваме во хотелот „Barcelo Fes Medina“, 4*, лоциран веднаш до медината. Слободно време за прошетка низ новиот дел на Фес. Ноќевање.
Шести ден: 10.03.2026 (вторник)- Фес
Појадок. Следува разглед на Фес, кој често се опишува како музеј на отворено. Започнуваме со медресата Al-Attarine, извонреден пример на архитектура на Маринидите, берберска исламски династија. Потоа се упатуваме кон медресата Bou Inania, теолошки колеџ познат по сложената дрвенарија и елегантниот дизајн. Продолжуваме кон Универзитетот Al-Qarawiyyin, основан во 9 век и признат од УНЕСКО како најстариот универзитет во светот кој постојано работи, а потоа ги посетуваме познатите штавници, каде работниците бојат кожа со бокали боја според вековната традиција што се практикува до денес. Организираниот разглед го завршуваме со Плоштадот Сефарин, каде металурзите ги коваат бакарот и месингот во деликатни форми, исполнувајќи го воздухот со ритмички звуци. Слободно време за прошетка низ медината, каде ќе се опиете од мирисите на зачини и ќе се изгубите низ лавиринтските улички и повиците на продавачите. Рамазан додава уште една димензија; можеме да набљудуваме како пазарите и плоштадите се подготвуваат за Ифтар. Ноќевање.
Седми ден: 11.03.2026 (среда)- Фес-Казабланка
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и одиме во Казабланка, градот на Атлантскиот Океан кој претставува индустриско, економско и културно срце на Мароко, како и нејзин најкосмополитски, либерален и прогресивен град. Оваа раскошна метропола има многу да им понуди на пребирливите патници со своите скриени историски и културни бисери. Градот е познат по својата спектакуларна архитектура во стилот на движењето Арт Деко и на Мурите, а е овековечен во култниот филм „Казабланка” од 1942 година. По пристигнувањето, одиме во посета на најзначајните знаменитости на градот. Најпрво ја посетуваме џамијата Hasan II, која е ремек-дело на модерната исламска архитектура и една од најголемите џамии во светот, драматично сместена на Атлантскиот Брег. Нејзините прекрасни мозаици, мермерни подови и комплексна дрвенарија ја пркажуваат мароканската изработка во најдобро издание. Прошетката ја продолжуваме со посета на квартот Habous, шармантен дел од градот што го спојува традиционалниот марокански стил со француското колонијално планирање кој изобилува со книжарници и продавници за зачини. Сместување во хотел „Barceló Casablanca“, 4*, лоциран во срцето на градот. Следува слободно време за прошетка низ Плоштадот Mohammed V каде ќе можеме да се восхитуваме на Арт Деко архитектурата, како и по крајбрежјето и неговите кафулиња и ресторани. За време на Рамазан, Казабланка нуди мноштво модерни и традиционални опции за храна, што го прави идеално место за последна вечера во Мароко. Ноќевање.
Осми ден: 12.03.2026 (четврток)- Казабланка-Маракеш
Појадок и слободно време за активности во Казабланка. По одјавувањето од хотелот, се упатуваме кон Маракеш, а по патот набљудуваме како пејзажите грациозно преминуваат од Атлантскиот Брег до окер тоновите на Црвениот град. Продолжуваме со организиран разглед на Маракеш, град кој совршено ги спојува историјата, културата и живата енергија. Шетаме низ Еврејскиот кварт (Mellah), каде што приказните за соживот и наследството оживуваат низ тесните улички преку традиционалната архитектура. Продолжуваме кон спокојните Menara градини, споменик и симбол на кралска елеганција врамена во маслиновите дрвја и снежните Атлас планини во далечината. Како што одминува денот, за последен пат се претопуваме во шармот на градот, составен од живиот ритам, заводливите контрасти и безвременската убавини. Организиран трансфер до аеродромот во Маракеш. Полетување кон Истанбул во 23.50 часот.
Деветти ден: 13.03.2026 (петок)-Истанбул-Скопје
Слетување во Истанбул во 06.55 по локално време. Поаѓање кон Скопје во 08.55, слетување во 08.25 по локално време.
Промотивна цена за уплата до 15.11.2025: 1390 евра (86.180 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1490 евра (92.380 денари)
Во цената е вклучено:
• Авионски билет: Скопје-Истанбул-Маракеш-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице
• Сите трансфери вклучени во програмата
• 3 ноќевања со појадок во хотел во Grand Plaza Marrakech 4*во Маракеш
• 1 ноќевање со појадок во хотел во Onomo Hotel Rabat Terminus 4* во Рабат
• 2 ноќевања со појадок во хотел во Barcelo Fes Medina 4* во Фес
• 1 ноќевање со појадок во хотел во Barceló Casablanca 4* во Казабланка
• 1 вечера во ресторан во Рабат
• Сите разгледи, посети и влезници вклучени во програмата со организиран трансфер
• Лиценциран туристички водич
• Лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено:
• Доплата за еднокреветна соба – 350 евра
• Виза за Мароко и услуга за визирање - 80 евра
• Бакшиши за локални водичи и возачи
• Туристичка такса– 14 евра за сите ноќевања (се плаќа во агенцијата)
• Патничко осигурување
Напомена:
За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 300 евра (18.600 денари). Целосна доплата на аранжманот до 03.02.2026. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа.