09.03 (понеделник) | БАРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел.Последниот ден е наменет за Бари. Прошетка низ историскиот дел на Бари, ќе ја разгледаме базиликата Св. Никола, каде се наоѓаат моштите на истоимениот светец. Ќе прошетаме по камените тесни улички , ќе можеме да видиме како рачно се изработуваат најпознатите тестенини во разни бои и форми Orecchiette. Слободно време за ручек, кафе, индивидуални прошетки. Во договореното време, трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 22:40.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 379 €
ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВЕНИ !
РЕДОВНА ЦЕНА : 449 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
- Аеродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Бари
- Превоз аеродром – хотел – аеродром
- Организација и претставник од агенцијата
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- екскурзии
- туристичка такса – 5 € по лице на ноќ (се плаќа во агенција)
- патничко осигурување
- влез во локалитети
ПРЕДЛОГ ЕКСКУРЗИИ
АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција) - 70 € по лице
МАТЕРА(превоз, претставник од агенција) - 80 € по лице
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.