ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
Кавала

 

ВЕЛИГДЕН ВО КАВАЛА

(Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос)

(03.05.2024-06.05.2024)

 

Прв ден: 03.05.2024 (петок)

03.00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време прошетка кон стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Втор ден: 04.05.2024 (сабота)

Појадок. Слободен ден за уживање покрај море. Целиот град живее во празнична атмосфера, а овој голем празник за православните христијани во Грција се слави на посебен начин- на овие простори се оживуваат обичаите и традициите кои му даваат посебно значење. И покрај тоа што распнувањето на Бога е најтажниот ден за сите христијани, сепак Велигден се смета за најрадосен христијански празник после Божиќ. Во вечерните часови верниците можат да присуствуваат на верските обичаи во црквата „Свети Никола“ во центарот на градот. Ноќевање.

Трети ден: 05.05.2024 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“. Токму на големиот христијански празник Велигден ќе престојуваме во манастирот во кој се чува најсветата реликвија - клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По слободното време, заминување на групата кон традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) со специфична архитектура на куќите. Посета на трите извори со студена чиста вода која тече надолу од планините до селото по канали кои го пленат секој кој ќе ги види. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во попладневните часови враќање во Лименас, а потоа со фериброд во Керамоти. Враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

Четврти ден: 06.05.2024 (недела)

Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........179 евра (11.100 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Три ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ***
  • Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за  фериброд
  • Посета на Солун
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)…1,5 евро по лице од вечер
  • Доплата за еднокреветна соба.....45 евра (за три ноќевања)
  • Деца до 2 години бесплатнодоколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници