Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините).По завршување на посетата на Версај се враќаме назад во центарот на Париз, каде што следува разглед на градот со локален водич (со доплата), шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Враќање назад во хотел.Ноќевање.