Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Програма на патување:
1. Ден 8.12.2023 Скопје - Луковска Бања
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) . Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
2 Ден 09.12.2023 Луковска Бања
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 10.12.2022 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 159еур/ 9.858 мкд
Цена за целосна уплата при резервација 139 еур/ 8.618 мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во двокреветни и трокреветни соби во Хотел Јелак 3* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (со класично послужување).
- Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
- Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи).
- Користење на сала за забава и рекреација.
- Туристичка такса.
- Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено
- Задолжително патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
Попусти и доплати
- Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 80€/ 4.960ден (на барање)
- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 159€/9.858ден
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -35€/2.170ден
- Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
Важни напомени
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ
ација - 139€/8.618мкд