Автобуски патувања - Истанбул 2 ноќи
Истанбул 2 ноќи

Истанбул е град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, храна и многу приказни.

Приказна која постојано се испишува.

ПРВ ДЕН (08.12) четврток

Турата стартува од паркингот на ВИП Хотел околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датумот на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.

ВТОР ДЕН (09.12) петок

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот.

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

ТРЕТ ДЕН (10.12) сабота

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Берлејбеј
Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската Област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.   

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на Плоштадот „Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ЧЕТВРТИ ДЕН (11.12) недела

Хотелско сместување со 3*

Сместувањето е во хотел на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Константинопол.

 

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 99еур / 6138 мкд 

 

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз, Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Посета на Капали Чаршија

Туристичка такса

Посета на турската продавница „КОСКА”

Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативни излети

Индивидуални трошкови

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција.

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Факултативни излети

Пакет 1 (Посета на Балат и Галата Порт)

Цена за пакет: 20e

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

Пакет 2 (Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар и Таксим Плоштадот)

Цена за пакет: 65e

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи

Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.   

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави!Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ВИП Пакет

Цена за пакет: 80e

Ги вклучува сите факултативи