ГЕРАКИНИ е прекрасно крајбрежно местенце на Ситонија – Халкидики.Познато е по долгата песочна плажа,чистото тиркизно море и опуштена атмосфера.Идеално е за семејства и парови и сите што сакаат тивок одмор, блиску до таверни и удобни апартмани .Со лесен пристап,убаво уредена плажа и топло гостопримство.
Вила ПАСКАЛИА – Геракини со поглед на море ви дарува летување што ќе се памети.Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море.Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани.Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите.
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05;24.05;31.05;07.06;06.09;13.09 и 20.09.2026)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕ НА: ПАРКИНГ ,КЛИМА УРЕД , WI – FI ( БЕСПЛАТНО)
| VILA PASCALIA | Цени по лице за пакет аранжман 7 ноќи и превоз | ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ | Цени по лице за пакет аранжман 7 ноќи и превоз | ||||||||||||||||
| Пакет аранжман 7 ноќи и превоз | МАЈ - ЈУНИ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
| ПЕРИОД | *17 | *24 | 31* | *07 | 14 | 21 | 28 | 05 | 12 | 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 30 | *06 | 13* | 20* |
| НОЌЕВАЊА | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
| Студио (1/3) бр.7 макс 3 лица (поглед море) | 79 | 99 | 129 | 139 | 379 | 389 | 419 | 479 | 479 | 489 | 539 | 539 | 489 | 489 | 469 | 289 | 149 | 139 | 119 |
| Студио (1/4) бр.5 макс 4 лица (поглед море) | 79 | 109 | 139 | 149 | 389 | 399 | 429 | 489 | 489 | 499 | 549 | 549 | 499 | 499 | 479 | 299 | 149 | 139 | 119 |
Во студио дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со
претходно одобрување и “доплата” од 10 евра од ноќ,може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.
Опис на студијата:
Студио БР.7 1/3 (3 ЛИЦА)
Студиото се наоѓа на први кат.
Студиото располага со една просторија во која има еден дупол кревет и еден поединечен кревет плакар за алишта, тв, клима.Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер.Осд студиото се излегува на тераса на која има маса со столици и поглед на море во далечина.
Студио БР.5 1/4 (4 ЛИЦА)
Студиото се наоѓа на први кат.
Студиото располага со една просторија во која има еден дупол кревет и два поединечни кревети, плакар за алишта, тв, клима.Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер.Од студиото се излегува на тераса на која има маса со столици и поглед на море во далечина.
-За пакет аранжманот во СТУДИО, потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
| ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД | ||
| Град | Место на тргнување | Време |
| Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:15 часот наутро |
| Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
| Велес | Мотел Македонија бенз.Мак.Оил | 04:30 часот наутро |
| Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
| Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
| Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
| Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
| ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА | ||
| Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
| Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |