ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Кипар - 21.03. - 24.03.2026
Кипар - 21.03. - 24.03.2026

A Day in Nicosia Cyprus Unique Divided Capital Adventure

Прв Ден 21.03.2026 (Сабота)

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот.Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа.  Планирано полетување за Ларнака во 20:15ч. Предвидено пристигнување во Ларнака во 23:45ч, организиран трансфер до хотелот во Ларнака, сместување и ноќевање.

Втор Ден 22.03.2026 (Недела)

Појадок во хотел. Заминување на тиркизниот рај и најпознатиот туристички центар на Кипар . Протарас и Аја Напа – со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејсажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, ќе имате можност да бидете сведоци на неверојатни погледи, идилични рибарски пристаништа, да истражите средновековни цркви, како и да го искусите познатиот жив ноќен живот, медитеранска храна, прошетка низ стариот дел на градот преполн со локални продавници и сувенири. Со автобус поаѓаме до Св. Елијас, традиционалното дрво на желби и панорамска точка за гледање на поглавје Илијада на Протарас. Од овде ќе го видите прекуморскиот Либан како и градот на духовите – Фамагуста. Далеку од метежот на централната Аја Напа, ќе добиете шанса да ги посетите морските пештери Кејп Греко – неверојатна, природна знаменитост долж крајбрежјето на Аја Напа со импресивни карпести формации и погледи. Следна станица ни е Мостот на Љубовта прекрасна туристичка атракција во Аја Напа, која се смета за еден од највпечатливите природни мостови на Кипар и паркот на склуптури. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода и потсеќа на плажите во Малдиви. Овој ден е посветен и за уживање на Ниси Плажата – позната по белиот песок и кристално чисто море. Овој период ви е гаранција за уживање во мир и релаксација. Во договореното време враќање према хотел. Слободни активности. Ноќевање.

Трет ден 23.03.2026 (Понеделник)

Појадок во хотел. Поаѓање према главниот град на Кипар Никозија. Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство.

Се посетува стариот град во Никозија – опкружен со неверојатен, совршено кружен ѕид, испрекинат со бастиони кои го прават градот да изгледа како ѕвезда одозгора. Ѕидовите биле изградени од Венецијанците во 16 век и сè уште се недопрени. Елефтерија плоштадот -и нтересно е како модерниот плоштад проектиран од Заха Хадид – топ 35 проекти, го одделува модерниот дел од градот од стариот дел на градот. Лаики Геитонија – Тоа е пешачка зона со градби од 18 век и комбинација од станбени куќи, уметнички продавници и таверни, Светата црква на Архангел Михаил – Прекрасен пример за франко-византиска архитектура каде ќе видите неверојатна вистина во внатрешноста на црквата, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек/кафе во една од традиционалните таверни во Кипар или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот со поглед на 200 метарско севернокипарско знаме. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква. Во договореното време поаѓање према Хотел. Слободни активности Ноќевање.

Четврт ден 24.03.2026 (Вторник)

Појадок во хотел. Одјавување од собите , по одјавувањето од собите следува организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиште Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. Предлог за ручек во една од традиционалните таверни во Ларнака со поглед кон море и дегустација на традиционално сирење Халуми и Клефтико . Собир на групата пред хотел во договорено време и поаѓање према аеродром во Ларнака со организиран трансфер. Планирано полетување од Ларнака во 18:15 . Пристигнување во Скопје 19:40ч по локално време..

Сместување во Хотел со 3*
Цена на аранжманот: 339eur / 21,018ден
 
Во цената е вклучено:
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Ларнака
  • Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака
  • Факултативна целодневна посета на Никозија

Во цената не е вклучено:

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm) – (информации во агенција )
  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

Важно:

За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
Доплата за дете до 11.99 години – 299 евра (намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни)