06.12. 2026 (Недела) Скопје -Куманово- Штип- Струмица – Кавала – Драма –Струмица- Штип- Скопје
Поаѓање за Кавала во 01.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 01.30 од Куманово пред Макпетрол бензинска, во 02.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 03. 15 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Разглед на градот со туристички придружник. Посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат трите камења, местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон Аквадуктот– симболот на Кавала, изграден од Сулејман Величенствениот, Тврдината– која овозможува магичен поглед на градот распослан кон морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет, како и Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија. Слободно време за посета на божичниот маркет каде наместо зимзелените елки се украсува дрвен брод во морето со светликави ламбички. Тоа е оној традиционален симбол кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. По посетата на Кавала, поаѓање кон Драма. Посета на една од најубавите божиќни манифестации – Божиќен пазар кој изгледа како од бајките- Онеируполи-ДРАМА Селото на Дедо Мраз, Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци. Слободно време за разглед и уживање во божиќната магија на градот. Поаѓање за Македонија околу 18 часот. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Поаѓање од Скопје и Куманово: 2.500,00 денари за возрасни /2.300,00 за деца до 10 години
Поаѓање од Штип, Радовиш и Струмица: 2.200,00 денари за возрасни /2.000,00 за деца до 10 години
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Општи напомени :
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!